Posted by IN / 0 responses

Oнлајн работилница „Креативност и создавање на нови идеи“

16 April 2021
Почитувани,
ГЕТ ИНОВАЦИЈА Битола ве поканува на онлајн работилницата од иницијативата „Ајде млади!“ насловена „Креативност и создавање на нови идеи“. Оваа работилница ќе ја одржи Тања Јовановска, медицински кодер.
Работилницата ќе се одржи во среда, 21-ви април во 20:00 часот.
Доколку сте заинтересирани за учество на работилницата ве молиме пополнете ја формата дадена на следниот линк: https://bit.ly/2IWF2Tf. Сите пријавени учесници ќе добијат детали за учество на онлајн работилниците на нивните емаил адреси.