Posted by IN / 0 responses

Аплицирајте за “Women Win” (“Жените победуваат”)

24 August 2016

Почитувани компании,

Здружението за информатичко едуцирање ГЕТ ИНОВАЦИЈА Битола со особена чест и задоволство Ве поканува да аплицирате за учество во проектот “Women Win” (“Жените победуваат”) поддржан преку Програмата за грантови на Комисијата за демократија при Амбасадата на САД во Македонија.

Проектот предвидува учество на 20 жени на лидерски позиции или жени претприемачи во Пелагонискиот регион кои ќе имаат можност во текот на 8 месеци да учествуваат на низа активности во рамките на проектот и да креираат иновација во компанијата во која работат. Повеќе информации за проектот може да најдете на линкот: Водич за аплцирање за проектот “Жените победуваат”

Би сакале да Ве поканиме да аплицирате за проектот со една Ваша претставничка. 

Важно: Учеството во сите активности од проектот е бесплатно. Патните трошоци за учесничките од други градови, со исклучок на Битола, ќе бидат покриени од проектот.